Манчестерското дерби му припадна на Сити кој со 3-0 беше подобар од Јунајтед, и потврди дека е во многу подобра форма од ривалот.
Фил Фоден ја најави победата, а Ерлинг Халанд со два гола ја потврди. Фоден има седум гола на последните седум меча против Црвените ѓаволи, а Халанд дојде до бројка од 50 голови на 50 меча на „Етихад“.
Јунајтед имаше серија од четири меча по ред без пораз од градскиот ривал, тренерот Рубен Аморим беше подобар од Пеп Гвардиола во меѓусебните дуели, но денеска сето тоа заврши. Гвардиола стана прв менаџер во историјата на Сити кој имал 10 лигашки победи против Јунајтед.
Манчестер јунајтед има само четири бода после четири кола во новата сезона, и ова им е најлош старт од 1992/1993 наваму. Нивните фанови беа разочарани и почнаа предвреме да го напуштаат стадионот.
Деби на голот на Сити имаше Џиџи Донарума.