Ерлинг Халанд кој со хет-трик беше најзаслужен за победата на Манчестер сити над Кристал Палас од 4-2, рече дека целта му е што побрзо да дојде до бројка од 18 голови во Премиер лигата, за неговиот татко Алф Инге Халанд веќе да не се фали дека постигнал повеќе премиерлигашки голови од неговиот син.
„Горд сум што постигнав три гола. Затоа и дојдов тука, кога е тешко, да му помогнам на тимот. Мојот татко вели дека постигнал повеќе голови од мене, па го бркам неговиот биланс“ – се пошегува Халанд, кој засега е на 6 гола, па му фалат уште 12 за да го стигне татко му кој во Англија одигра 187 меча.
Халанд е само четврти фудбалер со барем шест гола на своите први четири меча во англиското првенство. Пред него, тоа им успеало само на Серхио Агуеро, Диего Кошта и Мик Квин.