23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Халанд го критикуваше судијата затоа што згреши на штета на противничката екипа

Манчестер сити на свој терен со 5:1 го декласираше Фулам во меч од четвртото коло во Премиер лигата. Ерлинг Халанд блескаше и постигна хет-трик, а имаше и асистенција за еден погодок. По завршување на дуелот, Халанд призна дека гостите од Лондон биле оштетени и тоа во клучен момент од средбата.

Алварес погоди за водство на Граѓаните од 1:0 во 31 минута, но само две минути подоцна гостите израмнија. Се чинеше дека ќе биде нерешено на полувреме, но во петата минута од судиското надополнување на првиот дел, Аке погоди за 2:1. Гостите реагираа и сите мислеа дека овој погодок ќе биде поништен поради офсајд во кој беше Аканџи. Иако Аканџи не ја допре топката, тој влијаеше на играта, а според правилата тоа е доволно да биде играта сопрена, но судијата Мајкл Оливер остана нем. Дури и Халанд вели дека тоа требало да биде офсајд.

„Мислам дека тоа беше офсајд. Се чувствувам лошо поради таа одлука на судијата на штета на Фулам. И јас би бил бесен ако тоа нас ни се случеше. Тоа е неубаво чувство“, рече Халанд по мечот.

Манчестер сити има максимални 12 бода по првите четири кола и е лидер во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести