Голгетерот на Борусија Дортмунд и еден од најбараните фудбалери на светот, Ерлинг Халанд, сметал дека Манчестер јунајтед во моментов не може да одговори на неговите амбиции и затоа „ги оладил“ кога му кажале дека се заинтересирани за него.
Црвените ѓаволи бараат напаѓач, биле подготвени да му понудат исти финансиски услови како и Манчестер сити, но норвешкиот напаѓач ако реши да прејде во Премиерлигата, ќе го облече дресот на Сити.
Освен Манчестер сити, сериозен интерес за Халанд има и од Реал Мадрид. Граѓаните на Халанд му нудат плата со која тој ќе биде најдобро платен играч во Премиерлигата.