Тренерите на Манчестер сити и Севиља ги одбраа фудбалерите со коишто ќе го започнат мечот од Супер купот на Европа, кој во 21 часот започнува во Атина.
Гвардиола се одлучи за следниве единаесетмина: Едерсон (г), Вокер, Аке, Аканџи, Гвардиол, Ковачиќ, Родри, Палмер, Фоден, Грилиш и Халанд.
Тренерот на Севиља, Мендилабар, ќе стартува со следниве единаесетмина: Боно (г), Навас, Акуња, Гудељ, Баде, Ракитиќ, Џордан, Ламела, Торес, Окампос и Ен-Несири.