26.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Халанд го прекина постот, конечно даде гол во ЛШ

Ерлинг Халанд со гол од пенал му донесе предност на Манчестер сити од 2-1 на гостувањето кај Јанг бојс и го прекина постот од пет меча по ред во Лигата на шампионите без постигнат гол.

Пред да погоди од белата точка вечерва, од претходните 13 гола на Манчестер сити во ЛШ, ниту еден не беше на Халанд, а од тие 13 погодоци, тој асистираше само еднаш.

Халанд сега има 36 гола на 33 меча во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести