-0.2 C
Skopje
сабота, 20 декември 2025

Халанд го „прескокна“ Роналдо, а Сити го презеде врвот од Арсенал (Видео)

Манчестер сити на домашен терен го совлада Вест Хем со 3-0, привремено заземајќи го првото место во Премиер лигата, додека не се одигра мечот на Арсенал против Евертон, како дел од 17-тото коло.

Најзаслужен за победата беше Ерлинг Халанд, кој повторно покажа дека е еден од најдобрите напаѓачи во светот. Норвежанецот постигна два гола и стигна до 104 погодоци во Премиер лигата, со што го престигна Кристијано Роналдо (103).

За постигнување на оваа бројка, Халанд одигра 122 натпревари помалку од Португалецот. Третиот гол за Сити го постигна Тимо Рејндерс по асистенција на Халанд.

Вулверхемптон продолжи со слабите резултати и дома загуби од Брентфорд со 0-2, додека останатите мечеви завршија нерешено, Борнмут – Барнли (1-1) и Брајтон – Сандерленд (0-0).

- Оглас -

Најнови вести