Халанд и на 13 години „кинел“ мрежи (видео)

Нема сомнежи дека Ерлинг Халанд ќе доминира во наредените десетина години на фудбалската сцена. Сензационалниот Норвежанец иако има само 19 години, со своите 39 погодоци сезонава во дресот на Салцбург и Дортмунд е меѓу кандидатите за Златната копачка во Европа.

За Милионерите на само седум меча постигна 10 гола, ги потопи и париските Светци минатата недела во Лигата на шампионите со два гола. Не случајно Халанд владее во шестнаесетникот, тој има вроден голгерски инстинкт, а видеото подолу го потврдува тоа.

На 13 години, Халанд за младинскиот клуб Брајне од Норвешка, постигна четири гола на два меча на турнир во мал фудбал.

- Оглас -

Најнови вести