Манчестер сити славеше со 2-0 на гостувањето кај Тотенхем, и сам решава дали повторно ќе биде првак на Англија.
Во последното коло, Сити игра дома со Вест Хем и треба да победи за нова титула во Премиер лигата. Ако Сити не победи, Арсенал може да му ја „украде“ титулата со било каква победа над Евертон. Тотенхем со овој пораз се прости од место во Лигата на шампионите, а теоретски може да остане и целосно без излез во европските купови.
Ерлинг Халанд ги даде двата гола вечерва во Лондон, првиот лесен, од еден метар после асистенцијата на Кевин Де Бројне, вториот од пенал.
Но, освен Норвежанецот, за јунак на Сити може да се прогласи и голманот Стефан Ортега кој влезе на местото на Едерсон кој доби еден удар во глава и беше повлечен.
Ортега имаше неколку одбрани, од кои едната при резултат 1-0 во 87-ма минута, кога го спречи Кореецот Сон кој имаше ситуација еден на еден со голманот и можеше да му донесе голема радост на Арсенал и да му ја искомпликува работата на Сити.
Погледнете ја големата шанса на Сон и одбраната на Ортега:
SON FAILS TO SCORE THE CHANCE THAT COULD HAVE GIFTED ARSENAL THE TITLE
BIG MISS #TOTMCIpic.twitter.com/M390o1G3mm— Out Of Context Real Madrid (@Bellingham__Hub) May 14, 2024