Халанд и уште шестмина кандидати за играч на сезоната во Премиер лигата

Ерлинг Халанд ја предводи листата од седум кандидати за играч на сезоната во англиската Премиер лига. Голгетерот на Манчестер сити, кој постави рекорд по бројот на голови во една сезона, е фаворит за трофејот.

Гласањето во кое учествуваат навивачи и експерти трае до 22 мај, а победникот ќе биде прогласен пет дена подоцна, на 27 мај.

Кандидати за наградата, освен Халанд, се Кевин де Бројне, Хари Кејн, Мартин Одегард, Маркус Рашфорд, Букајо Сака и Киран Трипие.

- Оглас -

Најнови вести