Норвежанецот Ерлинг Халанд кој држи рекорд во историјата на Лигата на шампионите како најмлад играч кој стигнал до 10 и 20 гола во ова натпрерварување во кое Реал Мадрид има 13 титули, синоќа после триумфот на шпанскиот првак стави допаѓања на две објави на играчи на Кралскиот клуб од Мадрид.
Винисиус беше еден од подобрите поединци кај Реал и се пофали на Инстаграм со една фотографија, па доби многу лајкови, од кои најинтересен беше оној од Халанд, за кого Реал се интересира и сака да го донесе во своите редови. Лајк на Вини му стави и Роберто Фирмино, но тоа е бидејќи се сонародници, па не привлече толкаво внимание како лајкот од Халанд.
Подоцна голгетерот на Борусија Дортмунд стави допаѓање и на објавата на капитенот Серхио Рамос кој порача „Ова е нашиот тим, ова е Реал Мадрид“.