Халанд има 18 гола во 12 меча, но има фудбалер кој дал повеќе голови во Премиер лигата за овој период

По санирање на повредата на мускулот на ногата, Ерлинг Халанд се врати во тимот на Манчестер сити и веднаш беше стрелец на победнички гол. На дуелот против Фулам, Халанд беше резерва, а во игра влезе во последните 20-тина минути, кога резултатот беше 1:1. Во 95-тата минута беше досуден пенал за Сити, а Халанд успеа да погоди за победа од 2:1.

Овој погодок беше вкупно 18-ти за Халанд во 12 одиграни меча досега во Премиер лигата. Многумина се восхитуваат на ова постигнување на младиот Норвежанец, но факт е дека ова не е најдобриот биланс во историјата на Премиер лигата.

Пред неполна деценија, односно на почетокот на сезоната 2013/14, Луис Суарес беше фудбалерот кој беше незадржлив во Премиер лигата. Уругвајскиот напаѓач беше незадржлив во дресот на Ливерпул и во првите 12 средби што ги одигра успеа да постигне дури 19 голови. Тоа значи дека Суарес по 12 одиграни дуели, има еден гол повеќе од тоа што сега го постигна Халанд.

Таа сезона Суарес беше најдобар стрелец во Премиер лигата и заврши со 31 гол, а тоа му беше трета сезона во дресот на Ливерпул. Халанд ја игра првата сезона во дресот на Манчестер сити и останува да видиме на која бројка до крајот на сезоната ќе заврши голгетерот на Граѓаните.

- Оглас -

Најнови вести