Халанд има еден важен услов за да потпише нов договор со Манчестер сити

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, и челниците на англискиот првак веќе започнале разговори за потпишување нов договор од двете страни. Актуелниот договор на Норвежанецот истекува за три години, но и покрај тоа што има уште многу време, Граѓаните сакаат да му предложат нов договор, со подобри услови, поголема плата и, секако, на подолг период.

Првично двете страни се согласиле со идејата да има нов договор, но Халанд има еден услов. Голгетерот побарал во новиот договор да има и клаузула во која ќе стои сумата за која некој клуб ќе може да го откупи неговиот договор.

Ова барање на играчот ги растревожило челниците на Сити затоа што така може да бидат „магнет“ за клубовите кои ќе се интересираат за Халанд. Сепак, од Сити имаа решение и за ова затоа што се очекува откупната клаузула да ја постават на сума која ќе биде нереална за кој било клуб да ја плати.

- Оглас -

Најнови вести