Халанд искрено со Гвардиола: „Играчите ја изгубија мотивацијата и самодовербата“

Манчестер сити во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите беше декласиран од Реал Мадрид со 3:0, па пред нив стои многу тешка задача во реваншот.

Пред тоа Граѓаните ремизираа во првенството против Нотингем форест (2:2) и загубија два многу важни бода во борбата за титулата во Премиер лигата. Во финишот на сезоната очигледно некои работи во редовите на Манчестер сити не функционираат како што треба.

Пеп Гвардиола останува мирен и верува во својот тим, а сега се огласи и Ерлинг Халанд.
Медиумите на Островот пренесуваат дека Норвежанецот наводно не е задоволен од моменталната ситуација во клубот.

Според истите извори, тој лично му кажал на Гвардиола дека играчите ја изгубиле мотивацијата и самодовербата, па тимот не изгледа добро на клучните натпревари.

Пред Манчестер сити следуваат пет натпревари кои ќе дадат многу одговори за оваа сезона. На 17-ти месецов имаат реванш против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а само пет дена подоцна играат финале на Лига купот против Арсенал за првиот трофеј сезонава.

Во април им следуваат уште (најмалку) три клучни дуели. На четврти е четвртфиналето од ФА купот, и тоа дерби против Ливерпул, потоа на 12-ти им следува гостување кај Челзи во Премиер лигата, а веќе следниот викенд и дерби-дуел против Арсенал.

Пред Гвардиола и Сити следува месец исполнет со одлуки и одговори на најважните прашања оваа сезона.

Граѓаните сè уште се во игра за четири трофеи, а до 19 април ќе имаат јасна слика како ќе изгледа нивната сезона.

- Оглас -

Најнови вести