Халанд испишува рекорди во Англија, но не може сам да носи победи за Сити

Астон вила направи изненадување и одигра 1:1 против Манчестер сити во последниот денешен меч во Премиер лигата. Граѓаните беа големи фаворити за триумф, имаа низа од девет победи по ред против овој ривал, но овојпат од Бирмингем се враќаат со само еден освоен бод.

По првото полувреме немаше погодоци, а на почеткот од вториот дел погоди Ерлинг Халанд за 1:0 за гостите. За Халанд ова беше 10-ти погодок во првите шест кола во Премиер лигата и го изрмни рекордот на Мик Квин од декември 1992 година, кој беше единствен фудбалер на кого му беа потребни само шест средби за да стигне до двоцифрен број погодоци во најсилната англиска лига.

Статистички Сити доминираше на теренот, но Астон вила израмни и тоа со единствениот директен прецизен удар кон противничкиот гол. Тоа се случи во 74 минута кога Бејли го матираше Едерсон.

- Оглас -

Најнови вести