Норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд уште еднаш покажа дека е доста ексцентричен надвор од теренот.
Откако 25-годишниот напаѓач беше ослободен од норвешката репрезентација неколку часа пред пријателскиот натпревар против Нов Зеланд, Халанд, кој ја доближи Норвешка на чекор до нивното прво Светско првенство од 1998 година наваму, замина во шпанското одморалиште Марбеља.
Таму Норвежанецот се појави во прилично екстравагантна облека (карирана кошула со зелен волнен елек и вратоврска, на главата има темна шапка и големи тркалезни очила) и чанта која вреди повеќе од 10.000 евра, а коментарите за изгледот на Халанд беа позитивни и меѓу тие што први му коментираа беа Џуд Белингам, Џек Грилиш, Ламин Јамал.