Халанд ја доби првата вредна награда како играч на Сити

Ерлинг Халанд, напаѓачот на Манчестер сити, е прогласен за фудбалер на сезоната во Премиер лигата во изборот на Здружението на фудбалски новинари, додека Сем Кер од Челзи е најдобра кај дамите.

Халанд, кој постигна рекордни 51 гол за Сити во сите натпреварувања, освои 72 отсто од гласовите, што е најголем процент на гласови кои ги добил фудбалер од почетокот на Премиер лигата.

Второто место му припадна на Букајо Сака од Арсенал, а трет е неговиот соиграч Мартин Одегард.

Во женска конкуренција австралијката Кер, стана првата фудбалерка која ја освојува оваа награда две години по ред. На второто место се најде Рејчел Дејли од Астон вила, а трета е Лорен Џејмс од Челзи.

- Оглас -

Најнови вести