Напаѓачот на Манчестер сити и на норвешката репрезентација, Ерлинг Халанд, гостувајќи во поткастот кај Логан Пол, ги откри бизарните ритуали кои ги прави пред да замине на спиење, а кои му помагаат да се одмори од обврските и да ја одржува одличната форма.
Халанд откри дека три часа пред да замине на спиење носи специјални очила кои ја блокираат плавата светлина, како и дека непосредно пред да си легне, на устата става лента.
„Сонот е најважната работа на светот. За да можам цврсто да спијам, правам едноставни работи, како што се носење очила кои ги блокираат плавите светла и гасење на сите уреди во собата. Треба да се обидеш да ја залепиш устата пред спиење. Јас така правам. Исто така имам и сауна која ја користам секој ден. Исплатливо е да се прават овие ситни работи на долг рок“, изјави Халанд.