Халанд ја раситни домашната двеилјадарка на Милионерите, само еден германски клуб е подобар (Фото)

Ерлинг Халанд постигна два гола за Борусија Дортмунд во победата од 5:1 против Фрајбург, а едниот од нив има огромно значење за популарните Милионери.

Со гол на Норвежанецот во 45. минута, Борусија стаса до двеилјадитиот гол во Бундеслигата на домашен терен.

Само еден клуб, Баерн Минхен има постигнато повеќе голови кога играл на свој терен, а Баварците се убедливо први на вечната листа со 2629 голови на мечеви во Минхен.

Само Баерн и Борусија можат да се пофалат со бројка од 2000+ погодоци кога биле домаќини на ривалите од Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести