Халанд како „Ханибал Лектор“, откри кое месо му е омилено

Што јаде Ерлинг Халанд штом постигнува толку голови, е едно од прашањата што најчесто си го поставуваат навивачите, а англиските медиумите се потрудија да дадат одговор на тоа прашање откривајќи која е омилената храна на Норвежанецот.

Неговиот апетит за постигнување голови е неверојатен, а исто така е голем апетитот за храна и Халанд јаде само одредени делови месо од животни, што беше доволно за англиските медиуми да се пошегуваат со него дека јаде како „Ханибал Лектор“, познатиот филмски лик кој во филмовите јадеше човечко месо.

„Обичните луѓе нема да го јадат тоа што го јадам јас. Но, голем број на луѓе не заработуваат од своето тело, па поради тоа морам да внимавам што внесувам во организмот. Мислам дека е најважно да се храните со квалитетни намирници, посебно со локалните. Луѓето понекогаш знаат да кажат дека месото не е толку квалитетно, но доколку купите месо од локално одгледана крава која јадела свежа трева, тогаш месото мора да биде добро“, открива Халанд.

Од месо од крава, Халанд јаде само срце и црн дроб кои се богати со витамин Б, железо и магнезиум, и во неговиот дом има големи количини од ова месо. Исто така, Халанд не пие обична вода.

„Почнав да ја филтрирам водата и мислам дека тоа многу ми помогна, а првата работа што на правам кога ќе станам е да излезам на сонце и на свеж воздух“, вели Халанд.

Наводно напаѓачот на Манчестер сити внесува до 6.000 калории на ден, а во оброците мора да има и лазања која ја подготвува неговиот татко, Алф-Инге Халанд.

- Оглас -

Најнови вести