Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд не се најде во составот на Манчестер сити за мечот со Лидс од Премиер лигата, а тоа ги загрижи фановите на англискиот тим во пресрет на двомечот со Реал Мадрид од Лигата на шампионите.
Се работи за повреда, но Пеп Гвардиола вели дека таа не е сериозна и Халанд би требало да биде подготвен за Реал Мадрид.
„Пред два дена, во последните моменти од тренингот, тој имаше некаков проблем, мала повреда. Не е голема работа, но не е подготвен за денеска. Се надевам дека ќе биде максимално подготвен за дуелите со Реал Мадрид“, изјави менаџерот на Сити пред почетокот на мечот со Лидс.
Првиот меч меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити е закажан за 11-ти март.

