Халанд: Кога ме извади, му кажав на Гвардиола дека сакав да направам два хет-трика!

Ерлинг Халанд стана вториот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кој на меч од нокаут-фазата постигнал пет гола. Првиот беше Лионел Меси во 2012 година за Барселона против Баер Леверкузен, а тогаш на клупата на Барса беше актуелниот тренер на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола.

Се покажува дека само играчи на Гвардиола може да дадат пет гола во осминафинале на ЛШ, но и дека Каталонецот го преферира Меси пред Халанд. Норвежанецот само за 57 минути ги даде петте гола и имаше повеќе од доволно време да постави нов рекорд, но рано, во 63-тата минута беше повлечен од игра.

„Никогаш немав дадено пет гола на еден меч, но еднаш дадов девет, хахаха. Му кажав на Гвардиола дека сакав да направам два хет-трика, но што можев да направам?“, изјави Халанд, кој има дури 33 гола на 25 меча во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести