Халанд: Кој ќе биде најдобар во 2025? Па, Меси!

Младиот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд блесна во првиот дел од сезоната играјќи за Ред Бул Салцбург, а потоа продолжи да ги решета противничките мрежи и во дресот на Борусија Дортмунд, во која направи трансфер само за 20 милиони евра.

Со девет гола на осум меча во Бундеслигата и оние претходно за Салцбург, Халанд ако продолжи во ист ритам ќе му биде најсериозен ривал на Чиро Имобиле од Лацио во трката за Златната копачка за најдобар стрелец во Европа.

Халанд е скромен, иако му се предвидува дека во иднина ќе биде фудбалер на годината според ФИФА и ќе ја земе Златната топка на „Франс фудбал“.

„На кого би се обложил дека ќе ја освои Златната топка за пет години? Без никакви дилеми, Лионел Меси, изјави Халанд и изненади многумина бидејќи Аргентинецот тогаш ќе има 37 години, но со оглед на тоа како игра сезонава со 32 (во јуни полни 33), не е невозможно да биде при врвот и во 2025 година.
- Оглас -

Најнови вести