23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Халанд конечно откри зошто не потпишал за Реал Мадрид

Ерлинг Халанд има фантастичен старт во Манчестер сити. Во првите шест кола, напаѓачот досега има 10 погодоци во Премиер лигата, што е рекорден старт за еден дебитант во англиското првенство.

Фудбалерот кој делува незадржливо во дресот на Сити, вели дека не може да се одбие тим како Реал Мадрид, но неговиот татко Алф-Игне ја откри целата приказна.

„Јасни беа критериумите по кои се водевме. Размислувавме за тоа на кој тим најмногу му треба класична деветка. Сити беше вистински избор за тоа, 10 од 10, едноставно совршено. Реал имаше ранг пет или шест од 10 и тоа е затоа што тие го имаат Бензема кој е фантастичен. Плус се зборува дека Мбапе ќе потпише за Реал. Потписот со Сити беше вистински потег“, објасни таткото на Ерлинг Халанд.

 

- Оглас -

Најнови вести