Норвешката фудбалска ѕвезда Ерлинг Браут Халанд може да заврши во затвор во Швајцарија и тоа поради неплатена казна само од 64,3 евра.
Името на Халанд се појавува во „Службен весник“ на кантонот Вауд, во Швајцарија, од 25 октомври. Таму стои дека напаѓачот на Манчестер сити не платил сообраќајна казна од 60 франци, незначителна сума за него ако се земе предвид дека Халанд заработува околу 20 милиони евра годишно.
При следната посета на Швајцарија, земјата во која живее неговиот татко Алф-Инге Халанд, Ерлинг може да биде уапсен и ќе треба еден ден да помине во затвор. Ерлинг често оди во Швајцарија, веројатно тоа ќе го стори и на Божиќ кон крајот на декември, но прво ќе мора да ја плати казната и да го реши проблемот со швајцарските закони.