Халанд му одговори на Рој Кин за критиките дека игра како нисколигашки фудбалер

Ерлинг Халанд ја дочека својата шанса да му врати на легендарниот Рој Кин за изјавите дека Норвежанецот игра како четвртолигашки фудбалер.

„Халанд игра речиси како фудбалер од Лига 2“, рече неодамна Кин кој во минатото како играч на Манчестер јунајтед имаше конфликт со таткото на Халанд, кој тогаш играше за Сити.

Подоцна Кин го „пофали“ Халанд дека напредувал и рече дека веќе не игра како четвртолигашки, туку како второлигашки играч.

Денеска Халанд имаше шоу на дуелот со Вулверхемптон, и влезе на листата на играчи кои постигнале четири голови на еден премиерлигашки натпревар. Новинар го праша Халанд што ќе му одговори сега на Кин.

„Навистина не ми е гајле за тој човек“, изјави Халанд.

- Оглас -

Најнови вести