Ерлинг Халанд кој играше заедно со Џуд Белингам во Борусија Дортмунд, не го криеше своето воодушевување од првиот гол на Англичанецот на денешното Ел Класико. Бомбата на Белингам им ги пресече нозете на Каталонците, кои потоа играа збунето и од страв примија и втор гол, кој истотака го даде Белингам.
Иако во Англија не се пренесуваше Ел Класико на телевизија, Халанд се снајде и го гледаше најголемото дерби на светот, па напиша и еден коментар за својот пријател.
„Ова момче е неверојатно“ – искоментира Халанд на социјалните мрежи.