Халанд на пет меча по ред нема дадено гол во ЛШ, Сити му нуди нов договор

Ерлинг Браут Халанд има серија дури од пет натпревари по ред во Лигата на шампионите на кои нема постигнато гол, ова му е убедливо најдолга црна серија на норвешкиот голгетер, а неговиот клуб Манчестер сити планира да му даде богата понуда со која Халанд би останал кај нив до летото 2028 година.

Актуелниот договор му е до 2027 година, но Сити сака дополнително да се осигури со продолжување на соработката за уште една сезона. Реал Мадрид следното лето ќе се обиде да купи врвен напаѓач, на листата на желби им е и Халанд, за кого се шпекулира дека има и некаква клаузула дека може да си замине во 2024 за одредено обесштетување.

Халанд нема дадено гол од 23 септември, на последните два настапи не ја затресе противничката мрежа, а на еден меч не играше, па постот му е прилично долг за негови стандарди. Во ЛШ, на двата меча сезонава не даде гол, а не погоди ни во финалето и двете полуфиналиња од минатата сезона, па има низа од пет средби без гол во елитното натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести