2.8 C
Skopje
вторник, 2 декември 2025

Халанд на три меча по ред немаше гол, а денеска даде и го урна рекордот на Премиер лигата (Видео)

Ерлинг Халанд го постигна својот 100-ти гол во англиската Премиер лига и стана нов рекорд по брзината со која дошол со овој убав јубилеј.

На Халанд му требаа само 111 меча за да постигне троцифрен број на голови во најсилната лига на светот. Стариот рекорд го држеше Алан Ширер кој до стотка дојде после 124 меча. Трети е Хари Кејн со 141 меч.

Халанд немаше дадено гол на претходните три средби во сите натпреварувања, а вечерва погоди после 17 минути игра и го носи Сити кон нова победа со која ќе дојдат на само два бода негатива зад Арсенал.

Ширер е рекордер со 260 голови во Премиер лигата, и ако Халанд остане уште долго во Англија, ќе има шанса го урне и тој историски рекорд. Освен гол, Халанд вечерва против Фулам има и две асистенции, а мечот уште не е завршен.

- Оглас -

Најнови вести