Манчестер јунајтед беше еден од првите европски гиганти кои реагираше во летниот преоден рок и во своите редови го доведе Ерлинг Халанд. Трансферот на Халанд од Борусија Дортмунд во Сити изнесуваше 80 милиони евра, но се чини дека тоа нема да биде најголемата сума кога Граѓаните летово ќе ја дадат на еден фудбалер.
Габриел Жесус и Рахим Стерлинг се пред излезна врата од Сити, но како нов играч во екипата се најавува Жоао Феликс. Младиот португалски напаѓач игра во Атлетико Мадрид откако за сума од 127 милиони евра пристигна од Бенфика во 2019 година.
Феликс минатата сезона одигра 34 меча и даде 16 гола за Јорганџиите, но шпекулациите се дека тренерот Диего Симеоне не го гледа Португалецот како погоден во неговиот стил на игра, па можно е да го продаде, и тоа за сумата која пред три години ја потрошија за негово доведување на „Ванда Метрополитано“.