0.8 C
Skopje
четврток, 15 јануари 2026

Халанд не може без еден ритуал кој е типичен за скандинавските земји

Напаѓачот на Манчестер сити и на норвешката репрезентација, Ерлинг Халанд, смета дека тајната на неговиот успех е редовното одење во сауна, која е популарна во скандинавските земји.

Тој тврди дека жешката пареа му помага да остане во форма, како и дека таа е една од главните причини зошто нема проблеми со повредите. Халанд најчесто се опушта во сауна во вечерните часови бидејќи пареата му помага да има подобар сон.

Халанд се обидува овој ритуал да го пренесе и на соиграчите во Сити и често ги кани заедно да одат во сауна.

Напаѓачот во неколку интервјуа изјави дека при изборот на дом во Манчестер, главен услов му било да има сауна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести