Халанд не сака да игра во ист тим со Мбапе, на повидок е спектакуларно Ел Класико

Доколку Килијан Мбапе потпише за Реал Мадрид, тогаш големи се шансите Ерлинг Халанд да прејде во Барселона, најавуваат шпански медиуми.

Неофицијално, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, постигнал договор со агентот на Халанд, Мино Рајола, за трансфер на Норвежанецот во Барса ова лето доколку Каталонците успеат да обезбедат доволно пари за ваква грандиозна зделка. Лапорта ги убедил Рајола и Халанд дека Барселона е вистинскиот избор.

Но, за да стане Халанд член на Барса, треба клубот прво да продаде неколку играчи за да собере доволно пари и Мбапе да замине во Реал.

Реал исто така е многу заинтересиран за Халанд, мадриѓаните тврдат дека имаат пари и фудбалерот сака да игра за Кралскиот клуб, но проблем е што Халанд не сакал да биде соиграч со Мбапе.

Ова значи дека ако Мбапе потпише за Реал, во следната сезона може да има Ел Класико со двете најголеми млади ѕвезди да заиграат еден против друг во дресовите на најлутите ривали во Шпанија, па да има легендарни дуели како на Лионел Меси и Кристијано Роналдо во периодот од 2009 до 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести