Халанд: Не сум роден со талент, напорно работев да дојдам каде што сум сега

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, вчера доби уште една награда, Европската фудбалска федерација (УЕФА) го прогласи за фудбалер на годината за минатата сезона. Тој изјави дека награда не е поради неговиот талент, туку е плод на напорна работа.

„Не знам дали воопшто сум роден со талент, всушност не мислам дека бев талентиран како млад. Но, многу напорно работев. Го сакав ова чувство и затоа го работам тоа го работам“, изјави Халанд.

Напаѓачот кој со Сити минатата година ја освои тројната круна, триумфира во Лигата на шампионите, во Премиер лигата и во ФА Купот, смета дека сезонава ќе биде уште подобар.

„Пред да дојдам во Сити и во Премиер лигата, работев со тренерите на тоа што сакав да го подобрам. Имам уште многу да учам и можам да станам уште подобар. Млад сум и среќен сум поради тоа. Се наоѓам на перфектно место за развој, тимот на Пеп Гвардиола работи неверојатно на тоа поле и среќен сум што можам да се развивам како играч“, додаде Халанд.

- Оглас -

Најнови вести