21.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Халанд нема да игра против Лутон, неизвесно е дали ќе се појави во Белград против Ѕвезда

Ерлинг Халанд го нема во составот на Манчестер сити за денешното гостување (почеток 15 часот) кај Лутон таун, и тоа е хендикеп за Граѓаните, бидејќи Норвеѓанецот сезонава на 22 меча во сите натпреварувања, има 19 гола и пет асистенции.

Не е познато зошто Халанд нема да биде со тимот во Лутон. Тој ги одигра сите 90 минути пред неколку дена против Астон Вила и немаше повреда.

Можно е Халанд да одмори и в среда на гостувањето од Лигата на шампионите против Црвена ѕвезда во Белград. Сити го има обезбедено првото место во групата и веројатно против српскиот првак ќе настапи со комбиниран состав.

- Оглас -

Најнови вести