Халанд нема лимит: Постави нов рекорд во англискиот фудбал

Ерлинг Халанд покажа дека е играч и за големи натпревари откако на дербито против Баерн Минхен даде гол, а имаше и асистенција за победа на Граѓаните од 3:0. Халанд најпрво покажа дека несебично знае да асистира на соиграч кој е во подобра позиција и му намести гол на Бернардо Силва, а веднаш потоа и самиот ја затресе мрежата на гостите.

Со овој погодок против Сити, Халанд постави нов рекорд во англискиот фудбал. Ова беше 45-ти гол за Халанд сезонава во сите натпреварувања, нешто што не му успеало на ниту еден друг фудбалер. Досега рекордот за број на голови во една сезона на фудбалер од англиски клуб го делеа Руд ван Нистелрој и Мохамед Салах, кои во една сезона по 44 пати ја тресеа противничката мрежа. Сега овој рекорд е на Халанд, кој до крајот на сезоната сигурно уште ќе го подобрува.

- Оглас -

Најнови вести