Ерлинг Бро Халанд нема проблеми со головите и со противничките голмани, но имаше мака со обезбедувањето во еден ноќен локал во родната Норвешка.
Новата голема ѕвезда на светскиот фудбал излезе од локалот и потоа не му беше дозволено да се врати, па дури и се обиде да се пресмета со обезбедувањето на ноќниот клуб.
За среќа реагираа неговите пријатели и спречија физичка пресметка.
https://twitter.com/CornelioManForv/status/1282101226474266624?s=20
Халанд е еден од најдобрите стрелци сезонава со 29 голови во германското и австриското првенство и 10 во Лигата на шампионите.
Во првиот дел од сезоната играше за Салцбург и постигна 16 погодоци во Типико Бундеслигата, а потоа додаде уште 13 во германската Бундеслига како играч на Борусија Дортмунд.