Халанд одигра само еден меч за Борусија, а веќе се зборува за негов нов трансфер

Ерлинг Браут Халанд е ѕвездата која блесна оваа сезона. Младиот Норвежанец започна во дресот на Салцбург и одигра блескава полусезона. Даде осум гола во шесте меча во групната фаза од Лигата на шампиони, а незадржлив беше и во австриското првенство.

По таквите настапи, Халанд беше цел на повеќе европски гиганти, а тинејџерот и неговиот агент Мино Рајола ја одбраа Борусија Дортмунд за следна дестинација на големиот талент. Дека Борусија добила џекпот, се покажа уште во првиот меч.

Халанд влезе како резерва на гостувањето кај Аугсбург и за помалку од 30 минути даде три гола, носејќи победа за Милионерите. Сепак, само по еден меч во дресот на Борусија, најновите шпекулации се дека Халанд за брзо време може повторно да го смени клубот, и тоа поради неговата клаузула.

Откупната клаузула на Халанд во Борусија е 60 милиони евра, што не е некоја голема сума за ваков талент. Затоа лесно може да се случи некој помоќен клуб да ги плати овие пари и да го добие Халанд, но за тоа треба да се согласат фудбалерот и неговиот агент Рајола.

 

- Оглас -

Најнови вести