Манчестер сити рутински го совлада Вулверхемптон со 2-0, и ја прекина црната серија од четири кола по ред без победа во Премиер лигата.
Сити е на четири бодови негатива зад Арсенал, а Топчиите имаат и еден натпревар помалку. Ова е прва лигашка победа за Сити во 2026 година.
Против Вулфс, деби во дресот на Манчестер сити имаше дефанзивецот Марк Гехи, а головите ги дадоа Омар Мармуш (негов прв сезонава во Премиер лигата) кој досега во кариерата за Сити има постигнато 7 гола, сите на „Етихад“, и Антоан Семењо за кого ова беше прв погодок во англиското првенство како играч на Сити каде дојде неодамна од Борнмут.
Ерлинг Халанд доби одмор, во игра влезе во 73-та минута, па не успеа да го зацврсти водството на листата на стрелци.

