Манчестер сити четири сезони по ред ја освојуваше титулата во Премиер лигата, но оваа сезона до последното коло ќе води битка за пласман во Лигата на шампионите. Ако е за некаква утеха, Граѓаните имаат шанса да освојат трофеј, и тоа во англискиот ФА куп.
„Ова е тешка сезона за нас. Не е убаво да се загубат толку многу натпревари. Здодевно е, воопшто не е забавно. Затоа мора да ја завршиме сезоната со трофеј. Добро е да се стигне до Вембли, секогаш е важно да се освојуваат трофеи. Ќе играме во финалето од ФА купот во оваа ужасна сезона. Кога ќе освоите четири титули по ред, а нема да ја освоите и петтата, тогаш тоа е неуспешна сезона. Такви стандарди си поставивме. Не се снајдовме најдобро во првенството, но се надеваме ќе успееме да дојдеме до пласман во Лигата на шампионите“, вели Ерлинг Халанд.
Финалето на ФА купот се игра во сабота, а противник на Манчестер сити е Кристал палас.