Халанд: „Пеп е страшен ама сакам кога ми вика мене“

Репрезентативецот на Норвешка и член на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, вчера на манифестацијата на УЕФА беше прогласен за најдобар фудбалер во Европа за минатата сезона.

На церемонијата беше запрашан кој е пострашен, неговиот татко Ал-Инге Халанд или неговиот тренер Пеп Гвардиола.

„Добро прашање. Морам да признаам дека Пеп понекогаш е страшен. Но, таков може да биде и мојот татко. Тоа е нешто што ми се допаѓа. Ми се допаѓа кога Пеп ќе ми вика затоа што се обидува да ми втурне нешто во мозокот што го нема. Ми се допаѓа, воопшто не се жалам на тоа. Тој се обидува да ме направи подобар фудбалер“, беше одговорот на Халанд.

- Оглас -

Најнови вести