15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Халанд под полициска истрага поради користење мобилен телефон додека возел автомобил

Полицијата во Манчестер потврди дека го истражува наводниот инцидент откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, како телефонира додека вози автомобил.

Наводниот инцидент се случил на 15 март, додека Халанд бил зад воланот на својот „Ролс-Ројс“ во близина на стадионот „Етихад“. Неговиот клуб, Манчестер сити, нема да го коментира случајот додека трае истрагата.

Поради повреда на препоните, Халанд не настапи за Норвешка изминатата недела во квалификациите за ЕП 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести