Халанд покажа колку е арогантен: Многу деца го чекаа, а тој си замина без да ги поздрави (Видео)

Норвешка е многу далеку од пласман на Европското првенство во Германија, откако по три одиграни меча во квалификациите, оваа селекција има освоено само еден бод. Норвешка вчера на свој терен загуби од Шкотска со 1:2 и тоа откако гостите постигнаа два гола во последните три минути од средбата.

Првата ѕвезда на Норвешка, Ерлинг Халанд погоди за 1:0 од пенал, но тоа не беше доволно за радост на домашната селекција. По завршување на дуелот, Халанд беше видно нервозен и разочаран, но сепак требаше да покаже повеќе почит кон децата кои трпеливо чекаа да го поздрават и да добијат фотографија или автограм од нивниот идол.

Додека децата го скандираа неговото име, Халанд само помина на 10-тина метри од нив и се качи во автобусот, останајќи ги сите разочарани. Тогаш децата остро реагираа и го исвиркаа нивниот идол, кој секако не даде убава слика за тоа како треба да се однесува кон најмладите.

https://twitter.com/i/status/1670151256982056963

- Оглас -

Најнови вести