Халанд постави уште еден рекорд во Лигата на шампионите

Норвешкиот интернационалец Ерлинг Халанд продолжува да урива рекорди во дресот на Манчестер сити во Лигата на шампионите. Напаѓачот на Граѓаните постигна гол од пенал во првото полувреме против Феенорд за водство на својот тим од 1-0, а со тоа постави и нов рекорд.

Халанд е фудбалерот кој со најмалку одиграни натпревари, вкупно 44, успеал да стигне до бројката од 50 голови во кои директно учествувал за своите тимови, со постигнување на погодок или со асистенција.

На холандскиот ас Руд ван Нистелрој за тоа му беа потребни 45 натпревари, а Килијан Мбапе тоа го сторил за 51 меч.

- Оглас -

Најнови вести