32.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Халанд постави уште еден рекорд во Лигата на шампионите

Норвешкиот интернационалец Ерлинг Халанд продолжува да урива рекорди во дресот на Манчестер сити во Лигата на шампионите. Напаѓачот на Граѓаните постигна гол од пенал во првото полувреме против Феенорд за водство на својот тим од 1-0, а со тоа постави и нов рекорд.

Халанд е фудбалерот кој со најмалку одиграни натпревари, вкупно 44, успеал да стигне до бројката од 50 гола во кои директно учествувал за своите тимови, со постигнување погодок или со асистенција.

На холандскиот ас Руд ван Нистелрој за тоа му беа потребни 45 натпревари, а Килијан Мбапе тоа го сторил за 51 меч.

- Оглас -

Најнови вести