Ерлинг Халанд продолжува да блеска во мечевите од Лига на шампиони. На синоќешното гостување кај Монако, напаѓачот на Манчестер сити постигна два гола, па сега има дури 52 погодока само во 50 натпревари одиграни во Лигата на шампионите.
Иако Халанд беше одличен на теренот, по мечот ѕвездата на Манчестер сити беше лут и разочаран затоа што неговиот тим на крајот сепак не успеа да победи и одигра 2:2.
„Не изгледавме добро. Не победивме. Правевме некои непотребни работи во второто полувреме и мислам дека не игравме добро. Не заслуживме да победиме и затоа не победивме. Мислам дека ни недостасуваше енергија. Моравме да играме како во првото полувреме“, рече Халанд, кој даде дипломатски одговор за тоа дали требало да има пенал за Сити: „Не видов, не знам. Но, ако удрите некого во глава, тогаш тоа е пенал“.