Манчестер сити поведе со 1:0 на гостувањето кај Вилјареа, а стрелец за гостите е кој друг ако не Ерлинг Халанд. Напаѓачот на Сити сезонава едноставно е незадржлив. За него ова е 12-ти меч по ред на клупско и репрезентативно ниво на кој постигнува гол. Со овој биланс, Халанд го израмни рекордот на Кристијано Роналод.
Халанд има нестварни бројки сезонава, па во 14 натпревари кои ги одигра, постигна неверојатни 24 погодоци, а има и три асистенции.

