Халанд повторно го „снемаува“ на теренот кога има посилен ривал, но Сити сепак победи (Видео)

Манчестер сити минимално со 1:0 го победи Њукасл во дербито од второто коло во Премиер лигата. Граѓаните доминираа на теренот, имаа повеќе шанси за погодок, а разликата во резултатот беше направена во 31 минута кога Јулиан Алварез погоди за 1:0. На крајот, тоа беше и конечниот резултат и доволно за Сити да освои нови три бода и тоа против директен ривал за највисок пласман.

Иако многумина очекуваа Ерлинг Халанд да доминира и да биде клучен играч на дербито, уште еднаш Норвежанецот како да се изгуби на теренот кога ривал на Сити е посилен противник.

За Сити ова беше осма победа во последните девет меча против њукасл.

 

- Оглас -

Најнови вести