Халанд преку татко му дозна дека е најдобар стрелец во ЛШ за сезоната 2020/21

Пo елиминацијата на ПСЖ во полуфиналето, беше јасно дека наградата за најдобар стрелец во Лигата на шампионите ќе му припадне на Ерлинг Халанд. Мбапе му беше најголем конкурент со 8 гола, два помалку од Норвежанецот, додека во вчерашното финале немаше играч кој можеше да се закани по одличјето кое му припадна на гол-машината на Борусија Дортмунд.

Со 10 погодоци во осум настапи, Халанд е најефикасниот играч во сезоната 2020/21 во ЛШ, а дека ја добие Златната копачка од ова натпреварување дозна преку татко му Алфи Халанд, кој се пофали на „Твитер“ и му честита на својот син.

Халанд одговори на објавата на татко му како да не е некое посебно достигнување во кариерата, му се заблагодари и му посака добра ноќ.

- Оглас -

Најнови вести