Халанд продолжува да соборува рекорди во Премиер лигата, за само 19 натпревари оствари четири хет-трика

Манчестер сити за само три дена ја забележа втората победа во Премиер лигата, овој пат со 3:0 го совлада Вулверхемптон. Човек на одлука беше фантастичниот напаѓач Ерлинг Халанд кој ги постигна трите гола за својот тим и продолжи да соборува рекорди.

Ова беше четврти хет-трик за Халанд во Премиер лигата и до него дојде во само 19 натпревари. Пред Халанд, најбрзо до четири хет-трика дојде Руд ван Нистелрој на кого му беа потребни дури 65 натпревари.

Халанд резултатот го отвори во 40-та минута кога беше највисок во петерецот на Вулверхемптон и нафрлената топка од Кевин де Брујне ја смести во мрежата на Жосе Са.

Останатите два гола, Халанд ги постигна на стартот од второто полувреме. Во 49-та минута го реализира ударот од белата точка, а конечниот резултат го постави во 54-та минута.

https://twitter.com/i/status/1617181697690279936

Сити со победата дојде на само два бода (45) од лидерот на табелата Арсенал (47) кој има и два натпревари помалку, а првиот го игра го започнува за неколку минути и тоа е дербито со Манчестер јунајтед.

Во вториот натпревар, Лидс и Брентфорд ги поделија бодовите играјќи без голови.

- Оглас -

Најнови вести