Англискиот првак Манчестер сити продолжува со перфектната низа во домашното првенство откако стигна до третата победа во исто толку кола. Граѓаните се радуваа на гостувањето кај Шефилд јунајтед и тоа на победа од 2:1.
Ерлинг Халанд е фудбалерот кој можеше да биде трагичар, но на крајот неговиот тим победи, а тој постигна погодок. Голгетерот на Сити имаше шанса да ја затресе мрежата на противникот уште во првото полувреме, кога беше досуден пенал за гостите, но неговиот удар од белата точка заврши во стативата. Промашениот пенал на Халанд може да го видите ТУКА.
Сити продолжи да напаѓа во второто полувреме и тоа резултираше со погодок и тоа во 63 минута кога Грилиш асистираше, а Халанд погоди со глава за водство на фаворитот. Голот на Халанд може да го видите ТУКА.
Сепак, Шефилд не се предаде и со голот на богле во 85 минута стигна до 1:1. За шал на домашните навивачи, кратко траеше израмнетиот резултат. Во 88 минута Родри по асистенција на Фил Фоден погоди за 2:1, што на крајот се покажа и како доволно за победа на Граѓаните.
Актуелниот првак е единствениот тим во Премиер лигата кој е со перфектен биланс по три одиграни кола, додека за Шефилд ова е трет пораз во исто толку дуели.
На гостинска победа се радуваше и Астон вила и тоа на теренот на Барнли, победувајќи со 3:1.